Спортски повреди - опасност и кај професиналните спортисти и кај почетниците
Повредите со кои се здобиваат спортистите се случуваат и во секојдневниот живот, но за разлика од останатите луѓе, спортистите се постојано изложени на ризик кој често може да доведе до повреда. Спортските повреди се најчесто лесни, но многу влијаат врз способноста на натпреварувачот, односно спортистот. Со чести и правилни вежби, спортистите го намалуваат овој ризик.
Професионалните спортисти, како и рекреативците мораат постојано да внимаваат на физичката спремност на своето тело и на тој начин да ги избегнат овие повреди. Тие за жал најчесто се јавуваат кај почетниците, особено кај оние што трчаат и вежбаат поенергично, со цел побргу да дојдат во форма. За жал нивниот организам не е подготвен за таков притисок и многу лесно може да дојде до повреда.
Кај овие случаи Бодибилдинг и фитнес клубот Атанасовски нуди стручна помош, најчесто преку консултации кои се неопходни за превенција од овој вид на повреди (понекогаш и несоодветните обувки можат да бидат причина за тоа). Во зависност од повредата, нашите инструктори изготвуваат и програма за нејзино постепено и правилно третирање.